Вистинската дама не наседнува на евтините машки манипулации и затоа е посебна

Вистинската дама ги знае овие работи: Ако работите ги поставите на вистинското место уште на почетокот од врската, нема шанси да бидете изманипулирани.

Единствен начин да пронајдете љубов е да запознаете луѓе со отворено срце. Но, јас знам низ што имате пројдено. Вие сте уморни од вложување време и енергија во погрешни мажи, на крајот сте фрустрирани, повредени и повторно со празни раце.

Напорно работевте повторно да го пронајдете својот мир и чувство на среќа во својот живот. И нема шанси да дозволите некој да дојде во вашиот живот и повторно да направи неред. А сепак, не сакате да се откажете од љубовта.

Сакате да го запознаете вистинскиот маж – некој кој ќе прави да се чувствувате инспирирано и обожавано. Но, вие се плашите. После се низ коешто пројдовте, не сте сигурни како да бидете со некого, а да не излезе дека е залудно потрошено време.

Како да се отворите за љубов, но и да го заштитите своето срце и мир кое сте го граделе со толку многу труд?

Одговор: Отвореност заедно со граници. Да, можно е!

Овде има 9 работи кои можете да ги направите за да бидете сигурни дека можете да го отворите своето срце кога влегувате во врска:

Избегнувајте машки со ниска самодоверба

Ако тој не се сака и цени себеси, веројатно не може на здрав начин да ве сака и цени вас. Пронајдете некој кој има самодоверба. Тоа е многу важно.

Проверете дали вашите и неговите вредности поврзани за семејството и врските се поклопуваат

Набљудувајте го животот кој го создал. Дали има здрави долгорочни односи со пријателите и семејството? Дали неговите финансии и одговорности се океј? Проверете дали неговиот живот се одвива мирно и добро пред да го пуштите во вашиот живот.

Не го прифаќајте неговото лошо однесување

Размислете за однесувањето кое ве повредувало во врските и запишете ги сите такви примери. Дали вашите бивши партнери биле пасивно-агресивни, негативни, критични, некомуникативни или ладни? Ако вашиот нов партнер повторува некое од тие однесувања, замолете го да престане. Ако не може (или не сака), продолжете понатаму со животот. Вие заслужувате добар однос.

Обрнете внимание на тоа што го прави (а не на она што го зборува)

Неговите дела покажуваат дека се грижи за вас, а не зборовите. Има ли време за вас и дали останува поврзан со вас и кога не сте физички заедно? Дали ги исполнува своите ветувања? Внимателен, грижлив, великодушен, доследен маж со кој започнувате врска, еден ден ќе биде внимателен, грижлив, великодушен и доследен сопруг.

Проверете дали ве вклучува вас во сите аспекти од својот живот

Со текот на времето, тој би требало да ве вклучи во сите аспекти од својот живот, без исклучоци. Тој треба да ви посака добре дојде и во својот дом и во канцеларијата. Тој треба да ве вика да излезете со неговите пријатели и семејство. И се гордее со тоа што може да ве покаже!

Бидете апсолутно сигурно дека е заљубен во вас

Ако мажот е заљубен во вас, вие ќе му бидете приоритет. Тој постојано ќе сака да поминува време со вас и ќе ви зборува за работите кои му се важни. Нема да се прашувате што чувствува за вас или да седите со часови покрај телефонот чекајќи порака или повик. Ако тој е заљубен во вас, вие ќе го знаете тоа. Ако не е, пронајдете некој што е заљубен во вас.

Борете се за себе

Ако нешто ве мачи, кажете му го тоа. Ако тој ги отфрла вашите чувства или почнува да се однесува чудно, тоа е предупредувачки знак. Бидете во врска само со човек кој е во состојба да го процени своето однесување и да направи промени кога тоа е потребно. Бидете во врска со маж кој ги сфаќа своите грешки и ги цени вашите чувства (а истото го правите и вие за него).

Почекајте со сексот (оној вистинскиот ќе чека)

Кога сакате сериозно да го пронајдете „оној вистинскиот“, добро би било да почекате малку. Чекајте додека не создадете емоционална интимност. Тоа е паметна стратегија. Ако мажот со кој започнувате врска навистина е заинтересиран за вас, тој ќе има трпение и ќе го чека моментот кога ќе бидете подготвени. Ако повеќе го интересира сексот од вас, тогаш тој не ги почитува вашите граници.

Погрижете се да се чувствувате опуштено и среќно кога сте со него

Ако имате стрес, чувствувате тегови или морате да одите како по јајца кога сте со него, нешто не е океј. Верувајте им на вашите инстинкти и следете како се чувствувате. Ако имате повеќе лоши од добри денови, можеби е време да продолжите понатаму. Кога сте во вистинскиот однос, вие ќе се чувствувате среќно, опуштено и пријатно. Тоа  го велат сите среќни парови.

Со силни граници и високи очекувања, ќе знаете кога е сигурно да го отворите своето срце. А кога сте автентични, великодушни, топли и полни со љубов, љубовта ќе се појави. Тогаш ќе се случи магијата.