Вистинска пролет: Сонцето ги размрда скопјани

Убавото и сончево време деновиве ги размрда скопјани.

Сите се надеваат дека е крај на зимата и дека конечно ќе започне убавото, сончево пролетно време.

Вчерашниот ден голем дел од скопјани, го искористија надвор, на прошетка, на сонце.

Мајките ги прошетаа своите дечиња, пензионерите се раздвижија. Секоја клупа во парковите беше зафатена. Лулашките и парковите за деца беа полни. Луѓе на секоја страна. Се познава дека владее една убава позитивна енергија кај луѓето, а за сето тоа е виновно првото мартовсо сонце.