Вистинска приказна за љубовта меѓу братот и сестрата, кои животот би го дале еден за друг

Ова е приказна која неодамна беше споделена од страна на еден доктор. Таа предизвика лавина емоции и реакции, но и ни покажа колку силна е љубовта меѓу еден брат и сестра.

„Денес оперирав млада девојка. Потребна и беше крвна група која ја немавме, па затоа го замоливме нејзизниот брат – помладо момче кој беше донор кој одговара, да дарува крв за својата сестра. Му објаснив дека станува збор за живот или смрт. Тој некое време седеше во тишина, а потоа се поздрави со своите родители. Не размислував за тоа додека не му земавме крв, по што тој праша кога ќе умре. Мислеше дека ќе го даде нејзиниот живот за неа. За среќа, денес и двајца се добро“.

„И јас имам сестра, имам многу пациенти во животот со различни приказни, но оваа приказна навистина ме разнежни. Младото момче мислеше дека буквално ќе го даде својот живот за животот на својата сестра и воопшто не се плашеше од тоа. Смирено седеше и разговараше со нас.“

Сетете се на своите блиски, за оние за кои животот би го дале додека бевте деца и за кои би го направиле тоа и денес. Не морате да чекате ваков суден момент за да направите нешто за нив. Доволно е да им се јавите, да им покажете колку ви значат.