
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за утре најави вистинска детска забава - маскенбал по повод 1. април.
„Подгответе ги најкреативните маски - на 1 април нè очекува вистинска детска забава! Домот на култура ќе биде исполнет со шеги, смеа, боја и енергија“, сподели Стојкоски во објавата на Фејсбук.
Тој исто така најави и награди за најкреативните маски, забава со жонглери, диџеј и улични артисти.
Маскенбалот ќе се одржи утре со почеток во 11:00 часот во Домот на култура во Ѓорче Петров.
„Ова е ден посветен на најмладите - ден на смеа, забава и безгрижност. Ве очекуваме на највеселиот ден во годината“, порача градоначалникот.