Вистината за најубавата љубов – нема да ја планирате и нема да ја чекате и нема да видите дека доаѓа

Ова е најголемата вистина за љубовта во нашиот живот. Не ја планираме, не ја чекаме и не сме свесни дека таа доаѓа. И веројатно тоа е убавината во тоа. Таа доаѓа од никаде, нѐ изненадува и ни го менува животот. Нѐ менува на подобро.

Еден ден веќе сме вљубени и не сме свесни како се случило тоа.

Затоа да не брзаме додека сме сами. Љубовта ќе дојде и за нас, не можеме да ја форсираме. Таа ќе се појави во нашиот живот кога најмалку ќе очекуваме. Тогаш ќе дојде љубов за која нема да направите никаков компромис. Тоа е љубов која ќе покаже зошто не успеало со никој друг претходно.

Заслужувате вашите пораки да бидат одговорени, вашите повици да бидат слушнати и да се будите со насмевка на лицето. А, оваа љубов е токму таква. Заслужувате нешто што е добро и што ќе трае.

Не прифаќајте помалку од тоа.