Вистината за луѓето со добро срце

Ова е искрената вистина за луѓето со добро срце. Тие ќе ви простат ако им се извините. Понекогаш ќе ви простат и кога нема да го направите тоа. Вистината е дека ако тие одлучат да се грижат за вас и да ве сакаат, тие ќе го направат тоа со целото свое срце.

Тие нема да ве сретнат на половина пат, нема да бидат тука за вас само кога им одговара ним и нема да избираат кога да ви вратат на пораката или повикот. Тие нема да се откажат од вас, дури и да им дадете милион причини за тоа.

Ќе ве сакаат, ќе ве стават на прво место дури и пред себеси и ќе направат се за вас. Ќе се обидат да ве насмеат кога сте тажни, да бидат вашето рамо за плачење, да ви дадат совет или едноставно да ве ислушаат. Такви се луѓето со големо срце.

Дури и кога нема да го направите тоа за нив, тие секогаш ќе најдат време за вас. Тие не се плашат да се грижат за вас и да ве сакаат. Тие ќе ве сакаат ако мислат дека заслужувате и воопшто нема да размислуваат за тоа.

Се додека не ги повредите и нивното срце стане уморно.