Висококатници, зелени паркови...Градежен бум во „спалната соба“ на Скопје

Висококатници, зелени паркови, модерен спортски центар, нови училишта, реконструкции на улици.... Општина Аеродром изминативе години, реализира бројните проекти за разубавување, подобрување на инфраструктурата и урбанизација на општината.

Градежниот бум во Аеродром градоначалникот Ивица Kоневски го најваи уште пред четири години. Градоначалникот пред заинтересирани бизнисмени  ги презентираше тогашните понуди и поволности за идните инвеститори како за изградба на колективни објекти, така и за деловни простори.

Покрај новите пристапни улици оваа скопска општина, со 28 метри квадратни зеленило по глава на жител, е три пати над европскиот просек, а освен новите садници и одржување на постојаното зеленило, ова се должи и на десетте нови паркови кои беа изградени во оваа скопска општина.

Во последните две години таму се засадени 50 000 нови дрвца, а за сето зеленило на јавните површини поставен е систем за автоматско наводнување.

Градски парк

Градскиот парк е втор по големина во Скопје, и е смесетн во скопската населба Ново Лисиче во општината Аеродром, покрај булеварот „Февруарски поход“ кај последната автобуска постојка покрај кејот.

Во паркот се тампонирани трим-патеките, поставен е систем за полевање, а засеана е и трева на поголемиот дел од површината.

Во |него има и содржини наменети за децата, односно се направени две детски игралишта со реквизити од природни материјали. Едното игралиште е мултифункционално и може да се користи за кошарка и за фудбал, поставени се четири коша и два гола. Површината на ова игралиште е 1.200 квадратни метри (40 х 30 метри), а на подлогата е нанесен асфалт.

По должината на паркот се поставени и пет летниковци кои ќе им овозможат на граѓаните да уживаат во него без разлика на временските услови и на годишните времиња.