
Високи температури, а дел од скопски Аеродром ќе остане без вода.
Поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник Ф1 цол, денеска без вода ќе останат корисниците од улицата „Божин Николов – Силни“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето започнал во 10:40 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата и санирањето на дефектот.