Високи казни за институции, попови и оџи ако даваат совети дека „жената треба да му служи на мажот“

Од 1.000 до 5.000 евра ќе се казнат Министерствата за внатрешни работи, за труд и социјална политика, за здравство, за правда, центрите за социјална работа, обвинителствата, општините, ако не постапат по точните надлежности што им ги дава новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, кој треба да го изгласаат пратениците, објави СДК.МК.

Од 100 до 500 евра е казната за раководители во центрите за социјална работа, до министри, обвинители и други раководни лица во државните органи, ако не постапат со жртвата на семејно насилство како што пишува во законот, или ако не обезбедат услови и политика како што е прецизно напишано како нивна одговорност.

За да нема префрлување на топката и да се оставаат жените-жртви на семејно насилство на милост и немилост на мажите што ги тепаат, законот точно ги прецизира постапките на полицијата, по пријава на родово базирано насилство. Кажува како да постапат социјалните центри, како амбулантите, болниците, ако жената претрпела физичко, психичко, сексуално и друго насилство.

Полициски службеник треба да ја придружува жената до најблиската медицинска помош, или да ѝ биде во придружба додека ги пакува личните работи од заедничкиот дом со насилникот.

Медиумите, наставниот кадар, Агенцијата за медиумски услуги, но и црквите и џамиите имаат обврска да промовираат политика против овој вид насилство и да не ја одобруваат.

Овој закон оди дотаму да ги казнува и верските заедници ако поддржуваат насилство врз жената.

Текстот во целост на: СДК.МК.