Високи цени, нереален попуст и сè е сведено само на маркетинг и промоција

Долгонајавуваниот голем и феноменален попуст уште еднаш покажа дека е само маркетиншки трик за привлекување потрошувачи, се пожалија граѓаните. купувачите кои денеска излегуваа речиси празни, повторно разочарани коментираа дека ниту има попуст, па ниту намалени цени.

Високи цени, нереален попуст и се е сведено само на маркетинг и промоција. Уште една тура на лажни попусти ги тресат трговските центри, овој пат за време на пандемија, се пожалија граѓаните пред камерата на Алфа. Велат дека дека попустите не биле реални, иако по дуќаните има плакати за попусти од 20, 30, па и 50%.

Какви попусти, нема ништо од тоа. Не може едни тренерки кои биле 3.000 денари, да ги покачат на 4.000, за сега пак да ги вратат на истата цена. Тоа го има само кај нас и никаде на друго место. Попусти има да, но само на излог. Големото снижување како во САД, кај нас ни го имало, ни пак ќе го има, се пожалија граѓаните пред камерата на Алфа, и додаваат дека ова што го прават големите молови е тотално разочарување, наместо промоција.

Граѓаните кои ги посетуваа моловите носеа заштна опрема и држеа дистанца, иако по дуќаните, најверојатно поради пандемијата и кризата, нема гужви како други години.

Од фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, јасно се гледа дека атмосферата е релаксирана, без гужви, и ни малку не наликува на шопинг еуфорија. Но за разлика од кај нас, во светот е сосема поинаку. Во САД, од каде што потекнува „Вlack Friday“ буквално се тепаат да купат производ повеќе во последниот петок во ноември.