Вирусот се одржува во воздухот дури 3 часа, се шири и аерогено?

Поранешниот министер за здравство и еден од признатите епидимиолози во земјава проф. д-р Драган Даниловски на својот фејсбук објави ново „важно“ сознание за ширењето на кронавирусот.

ВАЖНО!!!

Вирусот се одржува во воздухот дури 3 часа! Значи, се шири и аерогено (низ воздухот)! Досега се сметаше дека тоа е малку веројатно.

Ова најново сознание, од една страна, ја објаснува „филмската“ брзина со која се рашири низ светот, а од друга страна, значи итно менување на стратегијата за лична заштита! Веќе не знаете кој поминал пред вас по улица. И дали, можеби, нема да поминете низ облак од вируси, кои си лебдат во воздухот цели три часа. Особено ако времето не е ветровито…
Затворени простории не треба ни да спомнеме…

Значи, седете дома уште поригорозно. И носете маски, какви-такви, дури и кога одите по улица.
Ова не значи дека ви се забранети прошетки низ природа! Напротив! На организмот му е потребен свеж воздух. Но, одберете место кајшто нема луѓе или ги има многу малку. И проветрувајте ги што почесто просториите на својот дом…