Вирална објава! Твоето дете не е твое... Тоа е душа што ти е дадена на доверба

Фејсбук статус на анонимна поетеса потпишана како „Азра“ вирално се шири на социјалните мрежи. 

Истиот се однесува на воспитувањето на децата и духовното богатство кое родителот го пренесува на својот потомок! 

Ви го пренесуваме во целост: 

Твоето дете не е твое.

Тоа е душа што ти е дадена на доверба.

Да го сакаш, не да го контролираш.

Да го водиш, не да го скршиш.

Да го слушаш, не да го замолчиш.

Да го разбереш, не да го осудиш.

Не викај по него кога греши — научи го зошто грешката боли.

Не го срами — светот и онака ќе го понижи доволно.

Не го споредувај — секое дете е универзум сам за себе.

Не го удирај — шепоти со љубов, твоите зборови ќе стигнат подалеку од викот на раката.

Не барај совршенство — барај срце што ќе знае да сака и да прости.

Ако детето се плаши од тебе, си изгубил се .

Ако само те слуша, а не те чувствува — не си учител, туку ѕид.

Ако ти се извинува од страв, а не од разбирање — си го згаснал, наместо да го осветлиш.

Децата се огледало. Ако сакаш да го видиш најдоброто во нив — погледни прво во себе.

Научи ги со љубов, не со страв.

Со збор, не со удирање.

Со прегратка, не со игнорирање.

Со личен пример, не со празни зборови.

Сакај го детето не за тоа што ќе стане, туку за тоа што е.

Биди присутен додека расте — нема втор обид за детство.

И не заборавај: едно разбирање денес може да ја спаси душата засекогаш.