Вирален статус: Во Скопје сите нови станови обично гледаат во друг бетонски ѕид, зеленило е мисловна именка...

Уметницата Инес Ефремова на својот Фејсбук профил го сподели својот став додека трага по стан во Скопје.

-Во потрага по нов стан, сериозно почнувам да размислувам за живеење скроз надвор од Скопје, дури и во друг град.И не само поради цените кои стануваат „ма немој да ме ј***ш“, туку повеќе поради тоа што скоро сите нови станови обично гледаат во друг бетонски ѕид, зеленило е мисловна именка, а кога отвораш врата од стан се удираш во паркирана кола. Повеќето скопски станови се како затвори, без никаков поглед на хоризонт. Верувам дека многу наскоро, особено за луѓето кои долго време живеат во урбана средина, стан во град ќе стане најлошата опција. И истата ќе може да биде примамлива само за луѓе од провинција кои уште не знаат каков затвор преплаќаат, пишува таа, а статусот стана вирален бидејќи многумина го делат ставот и револтот со неа. 

-Кога ќе споиш централизација плус урбана мафија ќе се добие ова што е денес Скопје. За сметка на Скопје другите градови останаа уназадени. Се е таму и не е само по вина на Скопје туку и на државата која само на едно место концентрира пари, капитал, култура, здравство. Производот е овај денес 100 молови, 5000 згради, гужви, хаос и цени ненормални, гласи еден коментар на објавата на Инес. 

-Дури и сонцето, едно од основните човекови потреби, голем дел од становите го добиваат индиректно, што не би требало да се дозволи! Нашите урбанисти и градоначалници не продадоа сите на урбаната мафија за пари и од градови направија зандани! - пишува друг.