„Виолина и филм“ онлајн концерт на Пламенка Трајковска

Под наслов „Виолина и филм“ вечерва преку Фејбук и Јутуб каналите онлајн концерт ќе одржи виолинистката Пламенка Трајковска.

Низ мултимедијално онлајн доживување, Трајковска ќе ги оживее музичките теми од познатите филмови „Кум“, „Џемс Бонд“, „Титаник“, „Пиратите од карибите“ и многу други теми. 

Во време на пандемијата со коронавирусот, музичарите се обидуваат и понатаму да создаваат, а карантинот ги принуди своите креативни зафати да ги презентираат онлајн.

Трајковска најпрво пласираше ведри популарни композиции на својот Фејсбук профи, а потоа се зафати со реализација на овој покрупен проект.  

Таа е автор на единствениот музички албум во кросовер музиката со наслов Апасионато, музичкиот албум за деца Карневал на животните и синглот Светулки. Како виолинист соло и заедно со своите мали камерни состави има настапувано на сцени во Македонија, Франција, Хрватска, Србија, Грција и Танзанија.