Виолетови велигденски јајца со помош на чај од хибискус

Чајот од хибискус има интензивна црвена боја, но на велигденските јајца излегува виолетова нијанса, слична како лаванда. 

Додека ги варите јајцата, ставете две лажици оцет, малку сол и потоа додајте чај од хибискус. Оставете добро да зоврие смесата. 

Кога ќе помина 10 минути откако зоврела водата, исклучете ја ринглата и оставете ги јајцата да отстојат уште некое време, барем додека да станат млаки (но не целосно изладени). 

Интересното со овој метод е што во зависност од текстурата на лушпата, можете да добиете уникатни мермерни нијанси.