Вино за подолг живот

Чешки научници откриле рецепт кој доведува до намалување на ризикот од срцево заболување- треба да се напиете неколку чаши вино неделно. Не е воопшто дали пиете бело или црно вино, важно е само да пиете редовно и да не претерувате со количината.

А другиот фактор кој нема многу да ве развесели е дека треба редовно да вежбате. Така, научниците откриле поврзаност помеѓу редовното вежбање и пиењето на чаша вино во намалување на лошиот холестерол, како и порастот на добриот.

Студијата е спроведена на повеќе од 146 испитаници, а траела повеќе од една година. Една половина од испитаниците морале да конзумираат бело, а друга црвено вино. По завршувањето на испитувањето, воочено е дека кај оние групи кои не вежбале, холестеролот останал на исто ниво, а оние кои редовно вежбање се намалило нивото на холестерол.

Затоа слободно уживајте во чаша вино и редовно вежбајте.