„Вила Борова“ – оаза на одмор во срцето на Златибор

Во мирен дел од Златибор, опкружена со чист планински воздух, се наоѓа „Вила Борова“-  идеален спој на природа, комфор и автентичен планински амбиент. 

На гостите им се на располагање модерно уредени соби и апартмани кои обезбедуваат целосна удобност за време на престојот. Посебен шмек на престојот му дава Wellness & Spa центарот со базен и сауна, совршен за релаксација по ден поминат во природа или прошетка низ Златибор.

Во рамки на објектот се наоѓа и ресторан со пријатен амбиент во кој гостите можат да уживаат во внимателно подготвени јадења, како и бар идеален за моменти на одмор и дружење.

Благодарение на одличната локација, „Вила Борова“ е совршена почетна точка за истражување на сите убавини на Златибор – од прошетки околу езерото и центарот на планината, до излети на видиковци и природни предели кои овој крај го прават една од најпосетуваните туристички дестинации во Србија.

Без разлика дали доаѓате на романтичен викенд, семеен одмор или кратко бегство од градот, „Вила Борова“ нуди пријатен амбиент и искуство на одмор кое се памети.