Виктор Илиески официјално именуван за директор на Македонска филхармонија

Виктор Илиески денеска и официјално е именуван за директор на НУ Македонска филхармонија.

На чело на првата национална музичка институција во земјава, Илиески дојде минатата година во месец август, извршувајќи ја досега функцијата в.д. директор.