Викенов ќе се одбележат 14 години од смртта на легендарниот Тоше

Како и секоја година, во Загреб во црквата кај Роков перивој, во недела (17 октомври) од 11:00 часот, ќе се одржи свечена миса по повод трагичната смрт на македонската пејачка ѕвезда Тоше Проески. Така ќе биде и оваа година.

Оваа сабота, пак, на 16 октомври кај нас ќе се означат долго болните 14 тешки години од смртта на ангелот Тоше. Хрватската дискографска куќа “Хит рекордс“ традиционално, во пресрет на оваа тажна годишнина заедно со Туристичката заедница на Нова Градишка и обожавателите подготвија неколку настани во спомен на Тоше.

– Еден од оние кои негуваа посебна традиција со години се маратонците кои и овој пат ќе трчаат од Нова Градишка до градот на Тоше, до Крушево. Меморијалниот маратон ќе започне во четврток, 14 октомври, во 17 часот, од стадионот „НК Слога“ во Нова Градишка. Ќе има и положување венци пред споменикот на Тоше, кој е дел од локалното училиште за електротехника и економија. Никогаш да не се заборави една пејачка ѕвезда кој остави толку длабока трага во музиката, од Вардар па до Триглав, велат организаторите на чествувањата во чест на легендарниот Тоше.