Викендов во Скопје затворени дел од автобуските постојки

Поради одржувањето на кружната авто трка пред Македонската Радио Телевизија, викендов, на 26 и 27 октомври, од 7 до 17 часот автобуските постојки во тој реон ќе бидат вон употреба.

Како што информира Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, автобуските линии 12 и 73 наместо „Скопски саем-Т“, за крајна постојка ќе ја користат постојката „Бит пазар-Универзитет ‘Свети Кирил и Методиј‘“, постојка на линија 57, а како почетна постојка ќе ја користат постојката „Бит пазар 5-ТЦ Мавровка“, постојка на линија 2.