Викендов во Скопје прво авионско прскање против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека првата авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје, ќе се одвива на 07.07.2018 и на  08.07.2018 (сабота и недела), во раните утринските часови, соопштија оттаму.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“ соопшти Град Скопје.