Викендов во македонската филхармонија хуманитарен концерт „Сите за Цаци“

Детскиот културен центар “Карпош“ Ве поканува во Сабота, 24.11.2018 година, во Камерната сала на Македонската Филхармонија со почеток во 20:00 часот, во рамките на Меѓународниот Фестивал по Кларинет и Саксофон „SaxClar“, ќе се одржи концертот „SaxClar Fantasy“. На концертот ќе настапат реномираните уметници Жан-Мишел Бертеји – кларинет (Франција), Вељко Кленковски – кларинет (Србија), Драган Сремец – саксофон (Хрватска), Јоргос Лигеридис – саксофон (Грција), Стојан Димов – кларинет,саксофон (Македонија), Нинослав Димов – саксофон (Македонија), Дино Имери – пијано (Македонија), Ефтихиа Вениота – пијано (Грција).

На програмата се дела од Зографски, Шуман, Ковач, Барток, Итуралде,….

Концертот ќе биде од хуманитарен карактер, така што средствата од продажбата на билетите, кои се продаваат на билетарницата на Македонската филхармонија, ќе бидат донирани за помош во лекувањето на Славица Тодоровска – Цаци.

Повелете да уживате во музичката уметност, и притоа да ја покажеме нашата хуманост.

Повеќе информации за хуманитарниот настан ТУКА.