Викендов температура и над 36 степени - совети како да се заштитите од топлотен удар

Денеска и утре се очекува вистинско летно време. Метеролозите најавуваат и температура над 36 степени, а надлежните апелираат како да се заштитите. 

Топлотниот удар е сериозна состојба која настанува поради прекумерна изложеност на високите температури, при што човек не се поти доволно за организмот да може сам да ја намали телесната температура. Состојбата настанува брзо и бара интензивно лечење.

Кај топлотниот удар не може да се смета на знаците на предупредување како што се главоболката, вртоглавицата или заморот. Некои луѓе се склони кон топлотен удар повеќе од други бидејќи некои здравствени состојби влијаат врз способноста на организмот да користи одрбрана против високите температури, како што се зголемувањето на протокот на крвта во крвните садови.

Ризичните фактори и здравствените состојби кои го зголемуваат ризикот од исцрпеност поради жештините и топлотниот удар се:

Возраст

Децата под четири години се способни да чувствуваат симптомни на исрценост од жештина, па мораат да се потпираат на помошта од повозрасните. Луѓето над 65 години не се адаптираат брзо на промените на температурата, а веројатно е и да пијат лекови кои влијаат на терморегулацијата на телото. Оние на возраст над 65 години сочинуваат 36 отсто од смртните случаи предизвикани од топлотен удар.

Срцев удар

Кај коронарните артериски болести и артеросклерозата на артериите се стврднати или стеснети. Таа состојба им отежнува на крвните садови да се рашират, за да го зголемат протокот на крвта. Поради тоа телото во текот на вежбањето или во услови на екстремна жештина тешко се прилагодува на повисоките температури.

Дебелење

Поради прекумерната тежина луѓето задржуваат повеќе телесна топлина. Оние со поголем индекс на телесна маса веројатно страдаат од состојби кои влијаат на циркулацијата. Возрасните кои се 3,5 пати погојазни од дозволеното  можат да доживеат фатален топлотен удар од оние со нормална тежина.

Висок крвен притисок

Хипертензијата влијае на протокот на крвта и му оневозможува на телото да се разлади самото. Жештината може да биде причинител на уште поголен притисок, што создава поголем стрес за терморегулациски капацитет на телото, во споредба со оние со нормален притисок.

Дијабетес

Двата типа дијабетес влијаат на ширењето на крвните садови. Организмот може да доцни со ширењето на крвните садови кога телото е најзагреано. Лошо регулираниот дијабетес може да предизвика невротерапија, оштетување на нервите кое влијае на способноста на потењето.

Респираторни болести

Кај респираторните болести како асмата и хроничните опструктивни заболувања на белите дробови, кога температурата е висока, организмот работи прекувремено за да ги изврши основните функции, вклучително со дишењето. Екстремните температури можат да бидат опасни и да предизвикаат асматични напади. Независно од возраста, атлетските способности или здравствената состојба, заштитувањето од сонце и од влага може да спаси живот.

Хипертензијата влијае на протокот на крвта и  му оневозможува на телото самото да се разлади. Жештината може да биде причинител на уште повисок притосок, што создава поголем стрес за терморегулациските капацитети на телото, во споредба со оние кои имаат нормален притосок.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.