Викендов супер забава со Сергеј Четковиќ , Бајага и Инструктори во Скопје

Викендов почнува првиот дел од Супер Скопје.

Со овој настан се најавени четири викенди со супер забава на четири различни локации.

Овој петок и сабота се резервирани за едни од најголемите балкански ѕвезди. На Кеј „13 ноември“ на 18 август, петок, ќе настапи Сергеј Четковиќ, а на истата локација следниот ден, 19 август, ќе настапат Бајага и Инструктори.

Супер Скопје е во покровителство на Град Скопје, во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“ и Горила продукција.