Викендов стабилно и сончево, од понеделник невреме

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 27 до 35 степени.

Во Скопје слично време, сончево, со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степена.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

За време на викендов времето ќе биде претежно стабилно и топло, но во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.

Од понеделник попладне ќе настапи позначителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и в среда ќе продолжи да дува засилен северен ветер, проследен со поројни врнежи од дожд, а температурите ќе бидат значително пониски во однос на претходните денови.