Викендов се направија над 100 свадби - се почитуваат ли мерките?

Бројката на заразени од корона и починати секој ден се намалува. Се намалува и притисокот во болниците, па така во некои градови со денови нема заболени, ниту пак хоспитализирани. 

Рестораните почнаа со работа, со организирање на прослави. Но, дали истите можат да ја влошат повторно епидемиолошката слика во државата. 

Епидемиолозите категорични, велат, дека свадбите ќе покажат дали имаме колективен имунитет, апелирајќи да се почитуваат мерките. 

Полицискиот час и мерките да важат до 15 јуни, а викендов се направија над 100 свадби!

Покрај многуте нелогичности и пропусти во новите протоколи низ државава се организираат свадби, веселби, родендени и останати прослави.

Колку се почитуваат мерките, се држи ли растојание, се носат ли маски каде што е потребно, има ли ракувања и прегратки? Кој ја прати сутуацијата во рестораните?