Викендов прскање против комарци

1Авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 15.08.2020 (сабота) и 16.08.2020 (недела), во раните утрински часови.

Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 17.08.2020 (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 21.08.2020 (петок), во период од 21.00 до 03.00 часот, наредниот ден.

Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 19.08.2020 (среда), во текот на денот.