Околу 15,00 часот во Скопје на улица ”Пролетерска“ во помошната просторија од куќа сопственост на 39-годишниот Г.М. избувнал пожар при што целосно изгорела кровната конструкција и инвентар.
Во пожарот повредени лица нема.
Исто така вчера во 19,25 часот било пријавено дека во село Сарај, скопско, на улица „14“ во куќата сопственост на Т.Т. и Р.Т., во една од собите на приземниот дел избувнал пожар.
Од страна на Противпожарна екипа пожарот е изгаснат.
Извршен е увид на местото на настанот.