Викендов поради градежни работи сообраќајот на булевар „Борис Трајковски” ќе се одвива по стеснет коловоз

Во текот на престојниот викенд (на 5 и 6 декември) ќе се врши прекоп на булеварот „Борис Трајковски”, од Шпаркасе Банка до маркетот Стокомак ( во близина на Веро) во Кисела Вода, поради што сообраќајот ќе се одвива по стеснет коловоз.

Градежните работи се околу изградба на секундарен вреловод А3.040.040.060 од Ш040 на вод А3.040.040 до новопроектирана шахта 020″ за потребите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ.

Од градежната компанија апелираат на внимателно возење и трпение.