Денеска и утре градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе даваат отчет за сработеното

ВМРО-ДПМНЕ, денеска и утре, на 5 и 6 ноември, во Скопје ќе организира политички саем за отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победија на последните локални избори.

Како што соопштија од партијата, слоганот под кој ќе се одвива настанот првпат го организира која било политичка партија е „Саем на промените што носат иднина”, а ќе го отвори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Над стотина учесници на саемот, покрај разговор за сработеното во општините и интеракција со градоначалниците ќе има и повеќе дискусии за актуелни теми како што е локалниот економски развој, енергетиката и локалните самоуправи, дигитализацијата и редица други теми.

Се очекува и посебна дискусија на меѓународни организации поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и реформските процеси. Воедно, саемот покрај на главната бина ќе се одвива и на шест други штандови каде локалните самоуправи ќе бидат поделени на региони во Македонија.

-ВМРО ДПМНЕ е задоволна од сработеното на градоначалниците кои овие резултати ги оставаруваат во едни тешки услови на економска, политичка и енергетска криза. Промените се видливи и е забележлив поинаков и отворен пристап во решавање на проблемите на граѓаните. Се трудиме да решиме што е можно повеќе проблеми, а промените носат иднина во која заеднички веруваме, велат од партијата.