Викендов полициски акции во Куманово, уапсени неколку лица

На 04.12.2021 во 12.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода С.Ј.(38) од Куманово. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага. Судија на претходна постапка ѝ одредил мерка притвор и таа на 05.12.2021 била спроведена во Казнено-поправната установа затвор К`шање Куманово.

На 05.12.2021 во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.Т.(34) и С.Ч.(28) од Куманово, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.