Викендов одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост и во скопската Зоолошка градина

И во Зоолошката градина во Скопје, се одбележа 3-ти декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Имено, Зоолошката градина викендов ја посетија дечиња од Центарот „Савант“. Тие се прошетаа низ градината и дознаа повеќе за животните кои се сместени во Зоолошката во Скопје.

-Заедно со Центарот „Савант" и овие прекрасни дечиња кои беа наши гости викендов, го одбележавме 3 декември-Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Нека секој ден биде исполнет со многу насмевки и радост, токму како овој ден што во дружба го поминавме со прошетка низ ЗОО Скопје, тура со вовчето и забава во Едукативниот центар - велат од Зоолошката градина, Скопје.