Викендов намалени цени на билетите на Попова Шапка

Од ски-центарот Попова Шапка соопштија дека овој викенд билетите ќе бидат со намалена цена.

За сите љубители на скијањето имаме и намалени цени на ски-билетите, и тоа:

Дневен ски-билет за возрасни - 1000 ден

Полудневен ски-билет за возрасни - 800 ден

Дневен ски-билет за деца од 6-13 - 800 ден

Полудневен ски-билет за деца од 6-13 год- 650 ден.