На 26 февруари, со почеток во 20.30 часот, во Националната опера и Балет ќе се одржи комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски со соработниците под покровителство на Владата.
Диригент на концертот е Иван Еминовиќ, режисер на настанот е Љупка Јакимовска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.
Ќе настапат солистите од Националната опера и Балет: Сандра Митровска – сопран, Марика Поповиќ – мецосопран, Јаворка Витанова – солист од хорот, во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и Балет.
На програмата ќе се изведат дела од В. А. Моцарт, Р. Леонкавало, Џ. Верди и Р. Аврамовски.
Настанот ќе биде збогатен со видео и аудиосодржина за што се употребени материјали од архивската документација на МРТВ – документарецот „Верувам во Македонија“, како и фото и видеоматеријали обезбедени од Фондацијата „Борис Трајковски“.
Влезот за настанот е слободен, јавноста билетите ќе може да ги подигне најдоцна до 26.2.2024 до 17 часот на билетарницата на Националната опера и Балет.