Викендов: “Хотел Гагарин“ со проекции во Скопје

Италијанската комедија „Хотел Гагарин“ во режија на Симоне Спада утре и задутре (24 и 25 ноември) ќе има проекции во киното „Милениум“ во Скопје, а во рамки на неговото прикажување низ Македонија.

„Хотел Гагарин“ е приказна за петмина Италијанци кои ја чекаат својата голема шанса. Тие се испратени да снимат филм во Ерменија, но кога ќе пристигнат таму, избива војна и нивниот нечесен продуцент исчезнува со парите. Додека седат напуштени во хотелот „Гагарин“, длабоко во шумата и затрупан под снег, добиваат оригинална и неочекувана можност за незаборавна среќа.

Филмот, својата македонска премиера ја имаше на неодамна завршениот Фестивал на европски филм „Синедејс“ во Скопје. На 26 ноември тој ќе се проектира во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино.