Викендов голема забавата во Ѓорче Петров

Утре во паркот во Општина Ѓорче Петров стартува манифестацијата „Звуци на културата“ а ќе трае цел викенд. Покрај настапи на домашни пејачи и на играорни групи, во недела, бесплатно, во отворено кино ќе се прикаже филмот „Господ постои, името и е Петрунија“.

Во рамки на манифестацијата ќе има и детско катче во чии рамки ќе биде поставен и photo booth, потоа, работилници, хуманитарни акции, базар на ракотворби, забавен парк, локални производи и деликатеси, како и настап на баскер артисти.

„Направивме еден спој на младост и искуство, со програма за сите генерации. Културната манифестација ќе има и хуманитарен карактер, односно во сабота, од 10 до 16 часот, во Домот на културата ќе огранизираме крводарителска акција“, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

На „Звуците на културата“ ќе настапат Ефто Пупиноски, Наум Петрески, Нокаут, Дац и Александар Митески, Силви Бенд со мјузиклот „Ромален“ и диџеите C2.