Викендов е идеален за адреналинско возење низ вело патеката на Водно

Постојат повеќе причини зошто Скопје е еден од најсовршените градови за негување на вело-културата како начин на живот. Покрај тоа што поради својата географска поставеност целата површина на градот е рамна и соодветна за лесно движење со велосипед, над Скопје на Водно се наоѓа и првата uphill вело патека за оние кои сепак сакаат нешто малку подинамично, порачуваат од Град Скопје.

Затоа, доколку викендов чувствувате потреба за адреналин и место каде што можете да ја потрошите вашата енергија и истовремено да се рекреирате во чиста средина, упатете со кон uphill патеката на Водно, е нивната препорака за викендов.