Викендов 6-тото издание на „Здраво млади“

Оваа сабота во МКЦ ќе се отвори 6-тото издание на фестивалот „Здраво млади“. Фестивалот наменет за промоција на „нова музика“ оваа година се очекува да собере солидна бројка квалитетни, веќе докажани или перспективни уметници од Македонија, но и светот.

Најразлични жанрови музика од сите краеви на планетата. Иако официјално фестивал за нова музика, посетителите ќе можат да чујат и диско хитови од 80-тите, но и електронска музика од истокот. Билетите се во продажба по цена од 300 денари. Официјалниот старт е закажан за 19 часот. Се очекува целовечерна забава на која преку социјалните мрежи присуство потврдија повеќе од илјада луѓе.