Родените во еден хороскопски знак би можеле позитивно да се изненадат, овој викенд.
Photo by Vitaly Gariev on Unsplash
Родените во знакот Бик би можеле да доживеат пријатен пресврт во периодот од 16 до 18 октомври, особено на љубовен план. Личност со која подолго време немале контакт би можела повторно да се појави, да испрати порака или да предложи средба што ќе разбуди стари чувства и прашања за кои мислеле дека се одамна затворени.
Саботата носи можност за разговор што ќе им помогне на Биковите појасно да разберат што сака друга личност од нив. За оние што се во врска, ова е добар период за отворен разговор за заедничките планови, особено ако во изминатите недели имало недоразбирања или оддалечување.
На професионален план, неочекувана информација или предлог би можеле да им дадат идеја за следниот чекор, но конкретните одлуки е подобро да ги донесат по внимателно разгледување на сите околности.
Најголемото изненадување за Биковите би можело да биде сознанието дека една ситуација што ја сметале за завршена сè уште има простор за поинаков развој. Наместо да реагираат импулсивно, важно е да обрнат внимание на постапките на другите, а не само на нивните зборови.