Викендот на Водно и низ Центар единствено пеш

Денеска и утре не ќе може да одите на Водно со автомобил преку улицата кај Олимписко село кон средно Водно. Ќе биде забрането сообраќање по оваа улица „Тодор Александров“ до 12.30 часот заради одржување на ридско-брзински натпревар во автомобилизам „Водно II 2018“.

И не само Водно, в недела ќе виде блокиран центарот на градот од 11 до 17 часот. Најпрво пд 11 до 14 часот во организација на Сојузот на спортови на Скопје, ќе се одржи спортска манифестација „Скопје на точак 2018“.

А еден час подоцна, со почеток од 15 до 17- во организација на Атлетска федерација на Македонија, ќе се одржи Атлетска ноќна улична трка по повод празникот „13-ти Ноември“, денот на ослободување на Град Скопје, со старт на плоштад Македонија.