Викендица и два објекта вчера биле опожарени на подрачјето на Скопје

Во текот на вчерашниот ден се случиле неколку пожари на подрачјето на Скопје и околината. 

- На 28.08.2024 во 21.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Добри Дол, општина Сопиште, на место викано „Перковец“, настанал пожар во викенд куќа сопственост на П.С.. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.

- На 28.08.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, во близина на ДСУ „Димитар Влахов“ настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил објект на фирма сопственост на О.Ј.. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.

- На 28.08.2024 во 12.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Чаир настанал пожар во објект на фирма сопственост на А.Р.(47) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.