Викенд временска прогноза, вистинската зима следува од вторник

Времето денеска ќе биде претежно облачно со појава на магла по котлините.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до нула, а дневната од три до осум степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до четири степени.

Следува период на претежно стабилно и суво време со умерена до значителна облачност, а во западните делови со услови за локален дожд. По котлините ќе има појава на магла.

Во понеделник времето ќе биде сончево со умерена облачност. По котлините ќе има услови за појава на магла.

Додека во вторник времето ќе биде променливо облачно со локален дожд со слаб интензитет.