Викенд временска прогноза

Времето во Македонија во западните делови ќе биде променливо облачно со слаб дожд, а на планините со слаб снег. Во останатите делови сончево со умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до нула, а дневната од три до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во утринските часови со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до пет степени.

Следува период на претежно облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. Во утринските часови по котлините ќе има појава на магла. За време на викендот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.