Викенд временска прогноза

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а наместа и услови за замрзнат дожд особено во северозападниот дел од земјава.

По котлините ќе има услови за појава на слаба магла.

Од сабота дневните температури ќе бидат во пораст- сабота од 4 до 11, недела од 6 до 13 степени.