Викенд временска прогноза

На повисоките места снег а на пониските сончево и повремено со дожд. Ваква временска прогноза најавија метеоролозите за оваа сабота.

Најниската утринска температура според најавите ќе достигне минус седум степени, додека дневната ќе достигне максимални 14 степени.

Слаби врнежи се можни и во главниот град оваа сабота а девет степени ќе достигне максималната температура.

Вториот ден од викендов времето ќе биде претежно сончево.

Вечерта во неделата временската прогноза ќе донесе нови врнежи кои во понеделник е можно на некои места да преминуваат во снег. Снежна покривка ќе ги забелее планините.

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со умерена облачност, а попладне со повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.