Викенд временска прогноза

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во северните и источните делови од земјава.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието.

Дневните температури ќе се движат од 5 Целзиусови степени во Маврово, Скопје и Берово 7, Крива Паланка 8, Прилеп 10, Охрид 11, Кавадарци 14, Гевгелија 15 степени...

И утре времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со слаб до умерен ветер со променлив правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 8 до 14 степени.

За време на викендот ќе имаме повеќе сонце. За сабота прогнозата е сончево со умерена облачност и со појава на магла по котлините и дневни температури од 7 до 12 степени.  Времето во недела ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и дневни температури од 9 до 14 степени, прогнозира УХМР.