Викенд временска прогноза

Ако планиравте да отпатувате на викенд или пак можеби кон крајот на летото да заминете на годишен одмор, тогаш најубавите вести за вас пристигнуваат токму од метеоролозите.

По нестабилното време проследено со пониски температури, од почетокот на идниот викенд повторно се враќа сонцето. Во сабота и недела температурите повторно се искачуваат над 30 степени, а деновите ќе изобилуваат со сончеви периоди. 

Утринските температури ќе се движат околу 15 степени. Најтопло идната недела ќе биде во вторник, кога живата во термометарот ќе се искачи над 33 степени.