
Неколку инциденти се случиле по полноќ низ угостителски објекти во Скопје. Физички се пресметувале во кафеани во Аеродром и Центар.
- На 06.12.2025 во 03:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Д.С.(29) од Скопје, по претходна пријава дека во угостителски објект го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со други две лица, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
- На 06.12.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје А.А.(25) од Скопје пријави дека околу 02:15 часот во угоителски објект на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од М.Ј..
- На 05.12.2025 во 10:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Т.(57) и О.Т.(22) од една страна и С.Н.(57) од друга страна, сите од Скопје.
По целосно расчистување на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок.