Викенд рецепт: Вкусна цимет торта

За љубителите на цимет ова е супер интересен рецепт за торта со вкус на цимет.

Потребни состојки за тесто: 4 јајца, 2 супени лажици млака вода, 120гр шеќер, 75гр густин, 75гр брашно и малку сол.

Потребни состојки за фил: 2 жолчки, 40гр густин, 1/2л млеко, 3 мали лажички мелен цимет, 100гр шеќер, 3 големи лажици рум, 250гр шлаг и малку сол.

Подготовка: Се замесува бисквитно тесто, се пече на температура од 180 до 200 степени околу 35 минути. Се сечат три еднакви кори. Се вари фил и по желба се додаваат 2 лажици шеќер во прав. Кога кремот ќе се излади се додава изматениот шлаг. Секоја кора се филува. Готовата торта по желба се украсува со рендано чоколадо (150гр).