Викенд рецепт: Пилешко на скара, маринирано во пиво

Правилото „месото најдобро се комбинира со пиво“ овојпат е во нестандардна варијанта – пивото искористете го за маринирање, освен за освежување со ручекот.

Со неколку едноставни зачини и омилениот летен пијалак може да направите фантастичен рецепт за пишеко месо на скара.

Потребни состојки:

  • 325ml пиво
  • 3 лажици маслиново масло
  • 5 големи чешниња лук
  • 1 ½ лажичка оригано
  • 1 ½ лажичка сол
  • 1 лажичка мелен црн бибер
  • ½ лажичка каенска пиперка или некој друг зачин по вкус
  • 10 парчиња пилешко месо со средна големина, без коски

Подготовка:

Ставете го месото во голема вакум кесичка. Помешајте ги состојките за маринадата и прелијте го месото. Протресете ја кесичката за состојките да се распоредат рамномерно, а потоа оставете во фрижидер 12 до 36 часа.

Идеално би било да отостои 24 часа.

Следниот ден, извадете го пилешкото и оставете го да отстои на собна температура 1 час.

Загрејте ја скарата и печете го месото 6-8 минути од секоја страна. Врз него може да додадете малечко парче лимон за подобар шмек или парче лук.